Општина Аеродром ќе потпише два меморандуми за соработка за родова рамноправност

Од:

Општина Аеродром ќе потпише меморандуми за соработка со две организации за родова еднаквост, со цел Аеродром да стане родово сензитивна општина.

„Соработката со организациите на жени ќе придонесе за долгорочно унапредување на родовата рамноправност во нашата општина и зајакнување на капацитетите на администрацијата, но пред сè за подигање на свеста за ова прашање“, изјави градоначалникот Марин.

Од општината информираат дека преку Меморандумот за соработка со агенцијата на Обединетите нации, Општина Аеродром ќе добие стручна помош и поддршка за воведување родово одговорно буџетирање, како еден од предусловите за членство во Европската Унија, како на национално, така и на локално ниво. Меморандумот за соработка со Националниот совет за родова рамноправност, пак, ќе значи рамка за воспоставување соработка со организација на полето на подигање на свеста за родова рамноправност со голем број членки, соопштија од Општината и додадоа дека Националниот совет за родова рамноправност понудил експертиза и помош за активностите на Комисијата за родова рамноправност на Општина Аеродром за аплицирање и пристап до фондовите на ЕУ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

(ВИДЕО) Митевски: Не планирам изградба на монтажни гаражи во Аеродром

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Избувна голем пожар на аеродромот во Дака, меѓународните летови се пренасочени