А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Општина Аеродром ќе гради две нови паркиралишта

by А1он13/03/2013 - 14:43205
Share0

Градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски денеска најави изградба на две нови паркиралишта во општината со капацитет од околу 150 места.

Добивај вести на вибер

На денешната прес-конференција покрај булеварот „АСНОМ“ во близина на трафостаницата на ЕВН, Коневски рече дека општина Аеродром ќе продолжи да се справува со недостигот од паркинг-простор за жителите од урбаниот дел.

– Новите паркиралишта кои се лоцирани лево и десно од трафостаницата на ЕВН „Кец Аеродром“, ќе се градат во непосредна близина на паркот „Аеродром“ и до фудбалското игралиште и ќе бидат целосно осветлени, истакна Коневски.

Директорот на Јавното претпријатие „Градски паркинг“, Борче Јакимовски информира дека паркирањето на двете паркиралишта ќе биде бесплатно.

Паркиралиштето што ќе се гради до фудбалското игралиште е со површина од 2.300 квадратни метри, со капацитет од околу 100 паркинг-места, од кои три ќе бидат наменети за лица со посебни потреби. Вториот паркинг што ќе се гради во близина на паркот „Аеродром“ е со површина од 1.400 квадратни метри и со капацитет од околу 50 места, од кои две се наменети за лица со посебни потреби.

Општина Аеродром до сега има изградено 17 нови паркиралишта со над 2.000 паркинг-места.

aerodrom

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

Горан Наумовски29/10/2025 - 13:54

(ВИДЕО) Митевски: Не планирам изградба на монтажни гаражи во Аеродром

Горан Наумовски28/10/2025 - 11:58

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Горан Наумовски24/10/2025 - 13:38

Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Горан Наумовски23/10/2025 - 20:3123/10/2025 - 20:32

(ВИДЕО) Избувна голем пожар на аеродромот во Дака, меѓународните летови се пренасочени

Горан Наумовски18/10/2025 - 17:39

Левица: Аеродромска чаршија – ново економско јадро во Аеродром!

Горан Наумовски16/10/2025 - 21:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен