Општина Аеродром ќе ги исплати субвенциите и паричната помош по конечното завршување на изборите

Од:

Општина Аеродром ги информира граѓаните што аплицирале за субвенции за велосипеди, како и за парична помош за првачиња и новороденчиња дека средствата ќе им бидат исплатени веднаш по конечното завршување на локалните избори.

– Граѓаните чии барања се прифатени на последниот јавен повик за субвенции за велосипеди ќе добијат поврат на средствата во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3 000 денари, со вклучен персонален данок на доход, велат од Општина Аеродром.

Исто така, по конечното завршување на локалните избори, ќе им бидат исплатени по 8 000 денари на оние родители што поднеле барање за новороденчиња, како и по 3 500 денари за првачиња, се додава во соопштението на Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година

Трагедијата во Кочани ги покрена градоначалниците: контроли во угостителски објекти, проверка на училишта и градинки

Катерина Ѓуровски