Општина Аеродром ја зајакнува соработката со дијаспората

Од:

Во просториите на Општина Аеродром, денеска се одржа работна средба меѓу градоначалникот Тимчо Муцунски и министерот задолжен за дијаспора Џемаил Чупи на која двете страни потпишаа договор за заемна соработка кој предвидува отворање на „Центар за дијаспора“ во Општина Аеродром.

Центарот за дијаспора ќе има посредничка улога, односно ќе биде линк меѓу граѓаните од дијаспората и Општина Аеродром преку кој тие ќе има пристап до потребните информации. Улогата на овој центар во иднина ќе биде да: иницира соработка на локални организации со организации од дијаспората за реализација на заеднички проекти, поттикнува т.н. дијаспора туризам, води евиденција за бројот на дипломирани студенти од локалната дијаспора, промовираат програми за мобилност на млади, поттикнува и промовира збратимување на градовите со општини во странство каде што живеат Македонци и др, известува општина Аеродром.

„Се надевам дека во иднина на оваа соработка ќе ѝ следи успех за заедно да ја вратиме довербата на граѓаните од дијаспората и да им го олесниме пристапот до нивните права во нивната татковина“, изјави министерот Чупи по потпишување на договорот.

Градоначалникот Муцунски истакна дека нашите граѓани кои живеат во странство се составен и важен дел од нашата земја и токму поради тоа денешниот настан има големо значење. Имајќи ја предвид важноста на дијаспората, ние како локална самоуправа имаме обврска да преземеме активности со кои ќе се зајакнат конекциите кои тие ги имаат со Македонија.

„Општина Аеродром е една од првите општини каде се отвора ваква канцеларија и за мене преставува вистинска чест што токму преку нашата општина ќе се градат идните врски со дијаспората, но и ќе се иницираат проекти кои бидат од значење за Македонците од странство, но и за граѓаните на Аеродром. Преку оваа канцеларија ќе направиме и мапирање на нашите граѓани кои живеат во странство, а кои во иднина можат да дадат придонес за економскиот, културен и научен развој на општината“, истакна градоначалникот Муцунски.

Со потпишување на денешниот договор, Општина Аеродром се обврзува да ги обезбеди сите неопходни услови за непречена работа и функционирање на оваа канцеларија.

Би можело да ве интересира

„На дрзок и безобразен СДСМ продолжува да ја лаже и манипулира јавноста“, се вели во реакција на Општина Аеродром

Заслугата за новото училиште и новата градинка е на Градоначалникот Муцунски и пратениците од ВМРО ДПМНЕ реагираат од Општина Аеродром

Левица: Муцунски ги извиси спортските клубови во Општина Аеродром

Општина Аеродром: Коалицијата СДСМ и Арсовска продолжува да шири лаги и дезинформации

Муцунски: Преку континуирани инвестиции во нова опрема обезбедуваме подобри услови за учениците во Аеродром

Муцунски: Со силна заложба и континуирани инфраструктурни инвестиции до поубава и помодерна општина Аеродром