Општина Аеродром издвојува 8 милиони денари за нови дрвја

Од:

Оваа година Општина Аеродром издвои 8 милиони денари за набавка на нови садници и дополнителни средства за изградба на нови паркови и одржување на зелените површини

Видот на дрвјата што ќе се посадуваат ќе го утврдуваат стручните лица од Општината, Градот Скопје и Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ според потребите на секој регион и условите кои ги нуди скопското подрачје. Дрвјата ќе се садат во пролетниот и есенскиот период, во зависност од видот на садници.

„Изготвениот нацрт-план отсега ќе се адаптира годишно и ќе нуди насоки за редовно дополнување на зеленилото на целата територија на Општина Аеродром, за што локалната самоуправа секоја година ќе издвојува средства од сопствениот Буџет. Оваа година имаме издвоено 8 милиони денари за набавка на нови садници и дополнителни средства за изградба на нови паркови и одржување на зелените површини“, соопшти Општината.

Би можело да ве интересира

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Каја Калас и тројца европски лидери заглавија на аеродромот во Франкфурт

А1он

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи