Општина Аеродром: Инвестиција во нов и модерен плоштад во срцето на Аеродром

Од:

Просторот зад „Капитол Мол“ добива целосно нов и модерен изглед, со што жителите на Аеродром добиваат уште еден нов плоштад. Наскоро почнуваат градежните активности за целосна реконструкција и модернизација на оваа локација која е една од најфреквентните во срцето на Аеродром информираат од Општина Аеродром.

Реконструкцијата е целосно финансирана со средства од буџетот на Општина Аеродром, a проектот опфаќа хортикултурно и партерно уредување на целиот простор со вкупна површина од 5000 квадратни метри. Дополнително, во рамки на реконструкцијата старите и дотраени плочки ќе бидат заменети со нови гранитни плочи, а ќе бидат поставени нови современи канделабри, светла со димери, како и нови клупи, канти и друга урбана опрема.

„Инвестираме во модерна и убава општина. Се грижиме жителите на Аеродром да имаат соодветни места каде ќе го поминуваат своето слободно време. Продолжуваме да вложуваме во нови содржини и локации за најмладите, но и за возрасните. Сите тие заслужуваат уредени урбани локации кои урбанистички и хортикултурно ќе се вклопат во одржувањето на епитетот „најубава скопска општина“. Со ова реализираме уште еден важен и значаен проект, кој беше дел од моите ветувања“, истакна градоначалникот Тимчо Муцунски.

Би можело да ве интересира

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода