Општина Аеродром: ​Иницијативата за претходниот ДУП е отпочната во време на Златко Марин, СДСМ сомнежот за криминал го вперуваат во своите функционери

Од:

Трет ден по ред политичката партија која е на власт манипулира со јавноста. Наместо СДСМ да даде одговор за криминалните бизнис зделки на кои изминатите денови сведочи јавноста, тие повторно ги замајуваат граѓаните со лаги, дезинформации и невистини велат од Општина Аеродром во однос на обвинувањата за ДУП на Лисиче.

– Иницијативата за конкретниот ДУП за кој тие говорат отпочната е во време на претходниот градоналник, Златко Марин и во период кога СДСМ има целосно мнозиноство во советот. Имајќи го предвид овој факт, тие веројатно несвесно го вперуваат прстот директно во претходното раководство на општината, предводено од СДСМ. Фокусот на нашето работење е развојот и токму поради предвидуваме проекти кои единствено имаат цел да донесат развој во нашата општина . Почитувањето на законите и носењето на законски одлуки, секогаш било и ќе биде приоритет. Граѓаните на Лисиче и граѓаните на Аеродром, треба да бидат спокојни, затоа што никогаш нема да се донесе и потпише било каков документ кој е спротивен на законот и спротивно на интересите на граѓаните. Општина Аеродром е убава, модерна и урбана општина и ние понатаму ќе продолжиме да се залагаме за повеќе зеленило, за сметка на зградите и за хумана урбанизација која ќе ги решава проблемите на граѓаните, а не на инвеститорите. Доколку било која институција има сомнежи за незаконско постапување, Општина Аеродром стои на располагање за соработка. Но, во оваа прилика ги повикуваме надлежните институции да започнат постапка за преиспитување на сите зделки и бизниси кои владата на СДСМ ги направи во изминатиот период, се наведува во соопштението од Општината.

Би можело да ве интересира

Трајановски: Со ваша поддршка кон подобра иднина на Аеродром

А1он

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он