Општина Аеродром: И советник од СДСМ гласаше за поставување на Ќосето во населба во општината

Од:

Општина Аеродром известува дека на седница на Советот на општината одржана на 04.04.2023 година, донесена е одлука за иницирање постапката до Собранието на Република Македонија за отстапување на споменикот на Андон Јанев – Ќосето и негово поставување во населбата во општина Аеродром. Точката беше ставена на дневен ред, како дополнителна точка на предлог на членовите на советот, а Одлуката беше донесена со поддршка на советниците на ВМРО ДПМНЕ, Левица, како и советник од советничката група на СДСМ.

– Имајќи предвид дека станува збор за одлука која сега е во надлежност на Собранието на Република Македонија, по целосното комплетирање, иницијативата која е усвоена од страна на членовите на советот на општина Аеродром, наскоро ќе биде доставена Собранието. Крајната одлука за евентуално преземање на споменатиот споменик и понатамошно негово поставување во општина Аеродром ќе ја има оваа државна институција, велат од Општина Аеродром.

„Со оглед на фактот дека Советот на Општина Аеродром, како и Собранието на Република Македонија се претставнички органи на граѓаните, каде членовите се избрани не непосредни избори со гласање, Општина Аеродром има обврска да ги почитува одлуките донесена од страна на двата државни органи.

Апелираме до сите поединци, политичките партии и останатите општествени чинители да се воздржат од ширење и пласирање дезинформации поврзани со оваа тема во јавноста“, се додава во соопштението на Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Трајановски: Со ваша поддршка кон подобра иднина на Аеродром

А1он

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он