Општина Аеродром го одбележа осмиот роденден

Од:

Успеавме да реализираме многу значајни проекти и од Аеродром да направиме модерна и современа општина. Со јасно поставени цели пред себе, со напор и труд, но и со почитување на современите стандарди, изминатите четири години успеавме да реализираме капитални проекти, истакна попладнево градоначалникот Ивица Коневски на прославата за осмиот роденден на локалната самоуправа.

Тој потсети на дел од релизираните проекти како изградба на инфраструктура во општината (фекална канализација, два нови колектора и препумпна станица и асфалтирање на улиците во Горно и Долно Лисиче), каде се вложени повеќе од 6 милиони евра, изградба на 17 паркиралишта со над 2.000 нови паркинг-места, нов спортски центар во Ново Лисиче, комплетна реконструкција на основните училишта и детските градинки, изградбата на повеќе нови модерни паркови…

Коневски најави дека и во иднина со напорна работа, заедно со администрацијата ќе продолжат да ги совладуваат предизвиците и да им овозможат на граѓаните што подобри услови за живот.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски истакна дека Аеродром е една од најмладите, најперспективни и најмодерни општини која, како што рече, интензивно се развива изминатиот период. Според него, развојот на оваа општина се должи на големата работа, ентузијазмот и иницијативата на градоначалникот Коневски и поддршката на Советот.

Претседателот на Советот на општина Аеродром, Виктор Камиловски потенцира дека постигнале многу со заедничка работа. Потсети дека се еден од најактивните општински совети во Македонија, со 77 одржани седници и со над 1.000 донесени одлуки и други акти во текот на досегашното работење.

Би можело да ве интересира

Aеродромот Шарлроа во Брисел е најлошиот аеродром во светот

Горан Наумовски

Девојка од Петровец била истепана во Аеродром

Авион итно слета на аеродромот во Белград: Патникот почина, му се слошило на летот од Германија

Уапсен турски државјанин на скопскиот аеродром, со фалсификувани визи сакал да влезе во Македонија

А1он

Жена нападната на Меѓународниот аеродром во Скопје

Тепачка во Аеродром: Бабата со тврд предмет го нападнала зетот