СДСМ: Ги охрабруваме надлежните институции во целост да го расчистат случајот со приведеното лице вработено во ООУ Александар Македонски

Од:

Ја поздравуваме одлучната акција на Министерството за внатрешни работи во чии рамки се лишени од слобода повеќе лица од Скопје под сомнение дека се работи за лица кои меѓу другото се занимавале со недозволена трговија со дрога. При тоа изразуваме загриженост заради информацијата која излезе во јавноста дека едно од овие лица е во подолг временски период вработено како наставник во основното училиште Александар Македонски кое се наоѓа на територија на територијата на нашта оптина велат од СДСМ.

– Во таа насока, ги охрабруваме сите надлежни институции да ги преземат сите неопходни мерки за целосно расветлување на случајот во најкраток можен рок со цел да се заштитат и учениците од потенцијалните штетни влијанија, но и угледот на наставничката професија која е неопходно да биде реализирана од поединци кои негуваат високи професионални, морални и етички стандарди. Дополнително, ги охрабруваме институциите надлежни за реализација на воспитно-образовниот процес да преземат превентивни мерки за кревање на јавната свест во насока на спречување на инциденти од ваков тип во кои се инволвирани лица кои се дел од воспитно-образовниот систем. Како одговорна партија будно го следиме овој случај до неговото целосно расветлување, а дополнително изразуваме подготвеност активно да придонесеме кон креирање на централни и локални политики кои подразбираат нулта толеранција за сите појави кои претставуваат потенцијална опасност по здравјето, воспитувањето и образованието на нашите деца, се наведува во соопштението од општинската организација на СДСМ Аеродром.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски