Општина Аеродром: Еднаков пристап до финансирање за граѓанските организации

Од:

Во просториите на Општина Аеродром се одржа првата од трите работилници за изработка на методологија за поддршка на НВО секторот и граѓанските организации. Од општината информираат дека се работи за креирање структурирани и транспарентни процедури, кои ќе овозможат еднаков пристап до финансирање на граѓанските организации од Буџетoт на Општина Аеродром.

„Целта на овој проект е да се утврди методологија со едноставен процес на аплицирање и јасно дефинирани критериуми за оценување и доделување средства. Истовремено, на работилниците се дискутира за градење капацитети на самите граѓански организации, со што се развива компетитивност на идеите и спроведување на активности кои се важни за целата заедница.

Работилниците се дел од проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“ поддржан од ЕУ (IPA Civil Society Facility and Media Programme 2015) спроведуван од Центар за одржлив развој – Алка Скопје. Учесници се претставници од Советот на Општина Аеродром, општинската администрација и граѓанските здруженија“, соопшти Општина Аеродром.

Тие ги канат сите претставници на невладините организации и граѓанските организации да земат активно учество и на следната работилница од овој тип, која ќе се одржи во четврток (22.02) во Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајановски: Аеродром ќе биде функционална, транспарентна и услужна општина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Запалени три возила во Аеродром, штетат е голема, полицијата уапси двајца пиромани

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Аеродром ќе добие на нов модерен спортски центар

Германската полиција уапси Хрват поради дрон над аеродромот

Тревога во Германија: Аеродромот во Минхен итно затворен поради дронови

(ВИДЕО) Филипче: Аеродром не заслужува да изгледа како депонија, време е за промена со Александар Трајановски

Горан Наумовски