Општина Аеродром донира 30.000 денари во Женскиот фонд за жртви на насилство

Од:

Општина Аеродром соопшти дека ќе донира 30.000 денари во Женскиот фонд наменет за жртви на насилство кои сакаат да ја напуштат насилната средина.

Акцијата за собирање средства ја организира Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство на ниво на целата држава по повод Денот на жената 8 Март, кој во себе носи своја симболика и е синоним за борбата за правата на жените.

Целта на акцијата е да го сврти вниманието кон семејното насилство и да ја поткрене јавната свест за ова прашање. Првичната помош вклучува храна, облека и медицинска документација за жените кои ги напуштаат насилните средини. Меѓу останатото, за нив се обезбедуваат извештаи од специјалисти и помош за ангажирање адвокат до моментот на добивање бесплатна правна помош.

Општина Аеродором минатиот месец потпиша меморандуми за соработка со Телото на Обединети нации за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women) и со Националниот совет за родова рамноправност. Целта на соработката е да се изгради општина со еднакви можности за сите, со фокус на родовата еднаквост, како и родовото одговорно буџетирање, информираат од општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

Обид за убиство во Аеродром, двајца насилници раниле познаник

СДСМ: Ништо од ветената модернизација на училиштата во Аеродром

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски