Општина Аеродром добива две нови градинки, објавен е конкурсот за изработка на идејни решенија

Од:

Општина Аеродром денеска објави конкурс за изработка на решение за идејни проекти за изведба на две градинки со што се реализираат ветувањата на Градоначалникот Тимчо Муцунски за решавање на најголемиот проблем со кој се соочуваат граѓаните, а тоа е недостатокот на места за згрижување на дечињата. Станува збор за идејни проекти за двa модерни и современи објекти за згрижување на децата, од кои првиот ќе се наоѓа во Населба Лисиче, а вториот во непосредна близина на кулите Џевахир.

– Водејќи сметка за квалитетот на градбата, посебен акцент при изборот на идејно решение, како и самата изградба на градинките, се става на користењето на најсовремени и квалитетни материјали, енергетска ефикасност на објектот и обезбедување највисоки стандарди за згрижување и реализирање на квалитетен воспитно-образовен процес. Конкурсот е отворен за аплицирање од страна на физички и правни лица, велат од Општина Аеродром.

– Апликациите ќе бидат разгледани и оценети од стручна комисија составена од универзитетски професори од факултетот за архитектура, експерти и стручни лица во областа. Краен рок за достава на конкурсните трудови е 12.12.2022 година (понеделник), се додава во соопштението на Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода