Општина Аеродром: Директорот на ЦУК пласира невистини и ја префрла одговорноста

Од:

„Измешани термини, поими и надлежности. Ова е единствениот впечаток од денешната прес конференција на директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, кој наместо да ја врши работата што согласно законот треба да ја извршува оваа институција, тој во јавноста пласира невистини и неточни информации и ја префрла одговорноста“, се вели во реакцијата на Општина Аеродром на денешната прес-конференција на директот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

„Доколку Ангелов ги познаваше законите ќе знаеше дека обврска на институцијата која тој ја води е да ги координира надлежните институции во процесот на управување со кризи. Координација помеѓу државните институции подразбира писмена комуникација, активна соработка и редовни состаноци, а не прес-конференции и јавни паради. Дополнително, Директорот на ЦУК треба да знае и дека надлежност за решавање на проблемот кој тој го посочи има исклучиво градот Скопје.

Пред да зборува за ветер и магла, Ангелов треба да даде одговор зошто неговата институција не презеде никакви активности при последните обилни дождови кои неодамна ја зафатија Општина Аеродром, чии граѓани беа најпогодени. Дополнително, пред јавноста треба да даде и одговор и на прашањето до каде е постапката за обесштетување на граѓаните кои претпреа материјални штети од последното невреме. Ова се многу посуштествени теми, во споредба со ланскиот снег и дождот во 2023 година за кои тој милува да говори.

Системот за управување со кризи и потенцијалните опасности во него се решаваат со меѓусебна работа и координација, а не со прес конференции и паради во јавност. Ова не е твитер и кршење керамиди. Станува збор за проблем, кој треба да го реши градот Скопје, а решавање го координира Центарот за управување со кризи. Поради ова уште еднаш апелираме сите институции да си ги извршуваат законските надлежности, да постапувааат согласно со законите и да внимаваат какви информации споделуваат со јавност. Споделувањето информации кои се неточни и непроверени може да предизвикаат непотребна паника и страв, што пак повлекува морална и кривична одговорност“, се додава во реакцијата на Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

„На дрзок и безобразен СДСМ продолжува да ја лаже и манипулира јавноста“, се вели во реакција на Општина Аеродром

Заслугата за новото училиште и новата градинка е на Градоначалникот Муцунски и пратениците од ВМРО ДПМНЕ реагираат од Општина Аеродром

Левица: Муцунски ги извиси спортските клубови во Општина Аеродром

Општина Аеродром: Коалицијата СДСМ и Арсовска продолжува да шири лаги и дезинформации

Муцунски: Преку континуирани инвестиции во нова опрема обезбедуваме подобри услови за учениците во Аеродром

Муцунски: Со силна заложба и континуирани инфраструктурни инвестиции до поубава и помодерна општина Аеродром