Општина Аеродром: Директорката на ОУ „Александар Македонски“ е назначена на транспарентен начин

Од:

Општина Аеродром информира дека новата в.д. директорка на ОУ „Александар Македонски“ е назначена на сосема легален, легитимен и транспарентен начин, наспроти обвинувањата на опозицијата за нелегитимноста на новоизбраниот директор.

„Новата директорка работи како училиштен педагог во истоименото училиште уште во 2013 година, со што го исполнува условот за петгодишно работно искуство. Оттаму, се прашуваме за каков партиски војник зборува опозицијата кога таа е вработена уште од самото основање на училиштето. Покрај тоа што новата в.д. директорка била целосно вклучена во воспитно-образовната работа на самото училиште и тоа како со учениците така и со родителите, таа има и претходно работно искуство од 11 години на високи позиции во образовни институции. Таа има завршени постдипломски студии за менаџмент и не е членка на ниту една политичка партија како се што обвинува опозицијата, соопшти општината.

Би можело да ве интересира

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Каја Калас и тројца европски лидери заглавија на аеродромот во Франкфурт

А1он

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи