Општина Аеродром: Деструктивната СДСМ зад себе остави повеќе прес-конференции отколку реализирани проекти за Аеродром

Од:

Доколку енергијата која СДСМ ја троши за прес-конференции полни со лаги и дезинформации ја потрошеа за реализација на проекти и инвестиции за граѓаните, денес немаше да биде политичката партија со најнизок рејтинг помеѓу граѓаните во Македонија. Четири години власт без никакви резултати и двегодишна работа како безгласна опозиција во советот на Општина Аеродром, беа доволни за СДСМ конечно да го покаже своето вистинско лице пред граѓаните и да покаже дека е политичка партија која ја интересираат само личните интереси, фамилијарните бизниси и тендер зделките велат во реакција наденешната прес конференција на Даниела Николова од СДСМ од Општина Аеродром.

Во продолжение целосната реакција:

Смешно е за проекти и развој да говори политичката партија која 4 години не реализираше ниту еден капитален проект за Аеродром, а воедно претставува пример за корумпирано и криминално владеење кое донесе сиромаштија и економска криза во државата.

Наместо да држат прес-конференции полни со дезинформации, СДСМ треба да даде одговор за тоа зошто нивната влада свесно го кочи почетокот на изградба на две детски градинки, доградба и надградба на две основни училишта, како и изградбата на новиот плоштад зад ТЦ „Капитол“. Ќе беше зачудувачки доколку СДСМ, наместо да ја лаже јавноста, дадеше одговор зошто ги намали дотациите за основното образование, а министерката за труд и социјална политика од редовите на таа партија одговореше зошто владата не презема ништо за решавање на проблемот со капацитетите во детските градинки во Аеродром.

Граѓаните на Општина Аеродром се свесни и знаат дека доколку има политички субјект на кој му пречат новите проекти во Аеродром, тоа дефинитивно е СДСМ и доколку постојат политичари кои направиле се за да стагнира развојот на општината, тоа дефинитивно се премиерот, министрите и пратениците од најдеструктивната политичката партија во историјата на Македонија.

На крајот дозволете да напоменеме дека и покрај сите опструкции од централна власт, општината две години континуирано и активно работи на реализација на нови проекти и инвестиции. Аеродром и во услови на економска криза предизвикана од неспособноста на централната власт, се менува, раззеленува и разубавува. Граѓаните од секоја населба добиваат нови улици, сообраќајници, паркови и игралишта, а дечињата учат во нови и модерни училишта. Опструкциите и пречките го покажуваат вистинското лице и деструктивниот карактер на оваа политичка партија, но нема да дозволиме тие да го спречат понатамошниот развој на општината и реализацијата на проекти од интерес за граѓаните.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он

СДСМ: Во нас работниците имаат искрен партнер и сојузник

А1он