Општина Аеродром: Деструктивната СДСМ преку прес конференција повторно ги лаже и манипулира граѓаните

Од:

Деструктивната СДСМ преку прес конференција повторно ги лаже и манипулира граѓаните. Политичката партија која е единствениот виновник за лошата економска состојба и најголемата стапка на инфлација во Европа, преку споделување лажни вести се обидува да го одвлече фокусот и вниманието од лошите и неуспешни проекти и погубната економска политика која ја водат тие. Денешната прес конференција на СДСМ е полна со дезинформации и ниту една споделена информација не е точна, се вели во писмената реакција на Општина Аеродром.

– Единствената вистина која треба да ја знаат граѓаните е фактот дека токму владата предводена од СДСМ во изминатиот период ја блокираше донесувањето на „зелената обрзница“ со која требаше да се реализираат низа проекти во Аеродром. Политичката партија која води наводна грижа за жителите на Аеродром е единствен виновник за проектите во делот на инфраструктурата, образованието и социјалната заштита кои не се реализирани. СДСМ наместо да споделува лажни информации треба на граѓаните да им даде одговор и аргументи, зошто тие се против изградбата на нова детска градинка, нови улици и водоводи и изградба и реконструкција на училиштата и зошто свесно го кочат развојот на Аеродром.

На крајот, само ќе напоменеме дека Општина Аеродром е преку секојдневните активности докажува дека е вистински пример на општина која работи, реализира проекти и се грижи за граѓаните, општина каде за две години направени се десетици нови улици, паркови, реконструирани се неколку училишта, воведен е нов пристап во одржувањето на јавната хигиена, каде учениците добиваат бесплатни таблети и бесплатни униформи и имаат можност да користат бесплатни часови за пливање. Аеродром е единствената општина која во изминатиот период пренамени маркички за згради во паркови, општина со награда за “нула корупција” и единствена општина која трошоците за репрезентација ги намали на нула. Делата нека говорат за нашата посветност и рабтата, оставаме на јавност да препознае кој работи за нив и кој ја говори вистината – велат од оваа скопската локална самоуправа.

Би можело да ве интересира

„На дрзок и безобразен СДСМ продолжува да ја лаже и манипулира јавноста“, се вели во реакција на Општина Аеродром

Заслугата за новото училиште и новата градинка е на Градоначалникот Муцунски и пратениците од ВМРО ДПМНЕ реагираат од Општина Аеродром

Левица: Муцунски ги извиси спортските клубови во Општина Аеродром

Општина Аеродром: Коалицијата СДСМ и Арсовска продолжува да шири лаги и дезинформации

Муцунски: Преку континуирани инвестиции во нова опрема обезбедуваме подобри услови за учениците во Аеродром

Муцунски: Со силна заложба и континуирани инфраструктурни инвестиции до поубава и помодерна општина Аеродром