Општина Аеродром демантира дека троши пари за рекламирање

Од:

Општина Аеродром нема потрошено ниту еден денар од буџетот за рекламирање на својата работа и за рекламирање на проектите, реагира Општината на прес-конференцијата на Златко Марин од СДСМ, кој праша кој ги плаќа скапите реклами на градоначалникот Ивица Коневски.

„Актуелната промотивна кампања на Општина Аеродром е целосно бесплатна и медиумите имаат јасно назначено дека емитувањата се бесплатни. Оттаму може да се види дека безидејноста на држење прес-конференции на опозицијата во општина Аеродром има единствена цел за себепромоција“, се вели во реакцијата.

Општина Аеродром го повика Марин, наместо, како што велат, постојано да ја замајува јавноста со безначајни изјави, да ги повика државните органи кои се под нивна палка веќе неколку месеци да дојдат во Општината и да се уверат во транспарентноста и законитоста на нејзиното работење.

Би можело да ве интересира

Обвинителството побара мерки за претпазливост за малолетниците кои во Аеродром тепаа и со мобилни ја снимаа жртвата

Горан Наумовски

37-годинашна жена од Аердром е пронајдена мртва во својот стан

Горан Наумовски

Маж од Аеродром е пронајден мртов во својот дом

Горан Наумовски

46-годишна жена е пронајдена мртва во стан во Аеродром

Горан Наумовски

Казна од 20.000 евра за нелегално фрлање отпад во Општина Аеродром

Наставничка е нападната додека држеше родителска од мајка на ученик

Горан Наумовски