Општина Аеродром: Блесна „Аеродром“ – „Новогодишна Бајка“ ги расположи скопјани

Од:

Естетски украсен парк со феноменални светилки и 15 метарска елка, новогодишен базар на кој може да се најдат уникатни производ, вкусна храна, бесплатно вино и греено вино, маскоти од цртаните филмови и многу македонска музика на “Новогодишна Бајка“ во парк „Авионче“ во Аеродром.„Новогодишна Бајка“ го оплемени паркот “Авионче“ во Општина Аеродром со убаво спакувана новогодишна приказна, која веќе два дена на скопјани им нуди одлична програма и активности за максимално уживање, информираат од Општина Аеродром.

– Вчеравечер се случуваше вистински делириум на настапите на Кате „Нели ти реков“ и Ѓоко Ѓорчев, Куку Леле и Тони Андреев, повеќе од пола тон вино се наточи благодарение на винаријата Парагон, која по повод новогодишните празници на сите посетители на настанот во сите три дена им обезбеди бесплатно вино од нивниот асортиман а дополнително и бесплатно греено вино со мирудии. Освен музички репертоар, посетителите настанот „Новогодишна Бајка“ имаат можност да уживаат и во различни производи на базарот, каде што се достапни рачно изработени ракотворби, вина, вкусна храна и други креативни производи. Дополнително, за најмладите, има забавни активности со омилените маскоти од цртаните филмови, како и специјален гостин – Дедо Мраз, се вели во соопштението од Општината.

Вечерва на програмата ќе може да се слушнат Тамара Волчевска, Таско и Тони Зен, а ќе бидат присутни и Мики и Мини Маус, Paw Patrol, Eлса и Mињони.

Настанот е финансиран од Општина Аеродром преку програма на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Град Скопје, а воедно настанот е дел од богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028.

Би можело да ве интересира

„На дрзок и безобразен СДСМ продолжува да ја лаже и манипулира јавноста“, се вели во реакција на Општина Аеродром

Заслугата за новото училиште и новата градинка е на Градоначалникот Муцунски и пратениците од ВМРО ДПМНЕ реагираат од Општина Аеродром

Левица: Муцунски ги извиси спортските клубови во Општина Аеродром

Општина Аеродром: Коалицијата СДСМ и Арсовска продолжува да шири лаги и дезинформации

Муцунски: Преку континуирани инвестиции во нова опрема обезбедуваме подобри услови за учениците во Аеродром

Муцунски: Со силна заложба и континуирани инфраструктурни инвестиции до поубава и помодерна општина Аеродром