Општина Аеродром: Безобразно, смешно и некоректно е инвестиции кои се реализираат од буџетот на општината да се политизираат

Од:

Во Општина Аеродром се градат инфраструктурни проекти, се вложува во улици и сообраќајници, се градат водоводи, училишта и градинки и тоа се проекти наменети за граѓаните на општината. Безобразно, смешно и некоректно е инвестиции кои се реализираат од буџетот на општината и со помош на странски донатори да се политизираат и да се гледаат низ политичка и партиска призма. Тоа не се пари на градоначалник или партија, тоа се средства на граѓаните кои се инвестираат исклучиво во проекти наменети за нив. И тоа се пари кои за разлика од претходно, денес се наменети исклучиво за развој и економски раст, а не за провизии, судски трошоци и партиски бизнис како што беше случај претходно, реагира Општина Аеродром на прес конференција на СДСМ.

„Отвореноста и транспарентноста е силната страна на Општина Аеродром и нејзината администрација. Токму поради тоа апелираме до опозициската СДСМ да дојдат и како конструктивна опозиција заеднички да дискутираме за најразвојниот буџет кој ќе се донесе за 2023 година. Да разговараме за најголемиот парк која ќе се направи на територија во Аеродром и за реконструкција на десетици училишта, градинки и улици. Така, а не со монтирани прес конференции се покажува грижа за граѓаните.

Држењето прес конференции, со истрошени флоскули и каде без дебата се разговара само со камерата се одраз на стравот и аматеризмот кој владее во редовите на оваа политичка партија. Стравот да се соочат со фактот дека Општина Аеродром интензивно се развива и аматеризмот, односно непознавање на процедурите за работа и законските прописи.

Единствен факт кој граѓаните го знаат е дека општината повторно станува место во кое се инвестира. Период од една година посветен на инвестиции, прогрес, развој и вложување во проекти за граѓаните кои пак го препознаваат и поддржуваат тоа.

Потенцираме дека Општина Аеродром и понатаму интензивно ќе вложува во проекти кои ќе бидат исклучително мотивирани од потребите на жителите на општината, а не од дневнополитичките и партиските интереси на било кој поединец или политичка партија. Задоволните граѓани се императив во нашата работа и токму поради тоа креираме политики кои се насочени кон остварување на таа цел“, се додава во реакцијата на Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Решението за опасната крстосница кај „Љубен Лапе“ заглавено во институционални лавиринти

Протест пред „Љубен Лапе“ во Аеродром, се бара решение за небезбедната крстосница до училиштето

Катерина Ѓуровски

Аеродром, Гостивар и Сарај со В.Д. градоначалници до следните избори, помина Законот за локална самоуправа

Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз

Се нормализира состојбата во Аеродром по вчерашното невреме

Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром