Општина Аеродром бара начин да ја спречи изградбата на деветкатница пред Мајчин дом

Од:

Градење на деветкатница на плацот пред Мајчин дом е спротивно на заложбите на сегашното општинско раководство, посочуваат од општина Аеродром и информираат дека досега во општината не е пристигнато барање за одобрение за градба, ниту какво било барање во однос на конкретната парцела и оти согласно тоа не постои проектна документација за објектот. Општина Аеродром во моментов ги разгледува сите правни механизми и бара начин да ја спречи градбата на плацот пред Мајчин дом.

– Со ДУП И10, изгласан од претходното раководство во април 2017 година, парцелата пред Мајчин Дом се наменува од зона Д1 – парковско зеленило во зона за станбено домување А2. Во тој период имаше голем број реакции од јавноста во однос ДУП И10 и сегашниот градоначалник јавно говореше против носење на одлуката парцелата да се претвори во градежна. И покрај големите заложби против ваквото решение, претходното раководство го донесе ДУП И10, кој е веќе стапен на сила, информираат од општината.

Оттаму посочуваат и дека парцелата пред Мајчин Дом е во приватна сопственост. Според деталниот урбанистички план, тука се предвидува иградба на објект П+8+ПК/П+8, односно приземје, плус осум ката и поткровје, а во дел приземје со 8 ката.

Би можело да ве интересира

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Каја Калас и тројца европски лидери заглавија на аеродромот во Франкфурт

А1он

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи