Опозициската коалиција го поздрави постигнатиот договор за надминување на политичката криза

Од:

Коалициските партнери на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и претседателите на партиите коишто се придружија на опозициската коалиција едногласно го поздравија постигнатиот договор за надминување на политичката криза во земјава.

На заедничкиот состанок којшто се одржа денеска заклучено беше дека создавањето преодна влада без Никола Груевски, којашто ќе ги организира следните парламентарни избори е клучен чекор за обезбедување фер и демократски избори.

Едногласна е оценката дека именувањето специјален јавен обвинител ќе обезбеди независна и целосна истрага на сите откриени злоупотреби на власта.

Вистината за Македонија ги обедини граѓаните во борбата за демократска и европска Македонија.

Заедничкото делување и силното единство во опозициската коалиција е сериозен импулс за понатамошен исчекор во битката за остварување на зацртаните цели. Во таа насока на состанокот беа дефинирани следните чекори на заедничко делување на опозициската коалиција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?