Опозицијата започнува вистинска битка за подобра Македонија

Од:

СДСМ излегува на плоштадите ширум Македонија. Секоја недела, во различен град ќе организираат протестен собир на кои народот ќе го изкаже својот револт од 6-годишното погубно владеење на Грувески и ВМРО-ДПМНЕ.

Вистинската битка за подобра и поуспшешна Македонија допрва почнува, соопшти на прес-конференција, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски. Македонија, рече Црвенковки, се соочува со катастрофална состојба во сите сфери.

Во својата изјава Бранко Црвенковски претседател на СДСМ рече „Невработеноста и сиромаштијата се на рекордно високо ново со тенденција на понатамошното зголемување.

Стандардот на граѓаните од ден во ден се повеќе оди надолу. Стопанството се гупи во неликвидност, индустриското производство опаѓа, бројот на фирми со блокирани сметки станува се поголем.

Вкупната задолженост на земјата радикално се зголемува, а истовремено непродуктивните трошења на владата не запираат.

Криминалот и корупцијата се во пораст, често пати како што можевме да се увериме и по сопствено признание на власта под покровителство и директна заштита на полицијата, Управата за јавни приходи, Царината и други државни институции.

Меѓуетничките и меѓурелигиските односи во земјата се нарушени, а меѓусебната недоврба зголемена. Евро-атланските интеграции се целосно блокирани без било какви шанси за исчекор и пробив во блиска иднина“.

На 3. јуни, почнуваат во Струмица, а на 2. септември со сенароден митинг во Скопје. Предвремените избори, рече Црвенковски се отворена опција, а одговорот ќе го дадат граѓаните. Доколку ја добијат поддршката од нив патот за предвремени избори е трасиран.

Против погрешните политики на Груевски, кои ја доведоа Македонија на дното, ќе се борат во широк опозициски фронт.

Опозициските собири, немаат никаква допиринаа точка со последните протести. Мотивите на опозицијата се јасни да се стави крај на криминалното владеење на оваа власт.

Катерина Цаневска Арсовска

 

Би можело да ве интересира

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on