Опозицијата смета дека екс премиерите немаат потреба од 6 телохранители

Од:

Опозицијата бара укинување на привилегијата, поранешен премиер да има 6 телохранители и возач, која власта ја изгласа во 2013-та година.

„Прецизирањето на тоа колку обезбедувачи ќе има, (вкупно шест и возило и возач) кои сам ќе ги одбере и тогаш и сега го оценуваме како израз на слабост и страв на човекот кој наводно ужива најголема доверба и углед меѓу граѓаните. Ваквото решение претставува луксузирање и самоволно поставување во повластена состојба на позицијата поранешен премиер во однос на сите други функционери кои извршувале јавни избрани и именувани функции.

Сметаме дека секој функционер вклучително и поранешен премиер кој совесно ја извршувал својата должност, работел согласно законите и Уставот на Република Македонија и во интерес на граѓаните не треба да стравува за својот интегритет по завршување на мандатот, бидејќи државата има доволно мерки и механизми да обезбеди ефикасна заштита“, стои во образложението за измени на Законот за Влада, предложен од опозицијата.

Со укинувањето на тој член од Законот, велат, ќе се спречи и дополнителното луксузирање на поранешен премиер и трошење на народни пари и по престанување на функцијата“, се вели во предлог законот.

Би можело да ве интересира

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба