Опозицијата се враќа на седниците за пратенички прашања

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 71. седница на која пратениците ќе им поставуваат прашања на премиерот и на членовите на Владата.

Според најавите од пратеничката група на СДСМ и вчерашната координација пред седницата за поставување пратенички прашања, опозицијата се враќа на овие седници, кои ги бојкотираше по настаните пред и во Собранието на 24 декември.

Прв прашање на седницата денеска ќе постави пратеник од опозициската СДСМ, а потоа, според предвиденото, уште едно прашање поставува опозицијата, па владејачкото мнозинство.

Опозициските пратенички групи, пак, се уште не присуствуваат на редовните понеделнички координации со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Тоа, според нив, ќе се случи дури откако партиите ќе се усогласат за точките што произлегуваат од заклучоците и препораките на ад хок Комисијата за 24 декември, на што работи Работната група. Последната средба на групата се одржа вчера попладне, а претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и на ДУИ требаша да се изјаснат за предлозите на владејачкото мнозинство. 

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он