Опозицијата подготвува масовен протест во мај во Скопје?

Од:

СДСМ почна со подготовките на митингот што според првичните информации, треба да се одржи на 9 мај. Нешто може да сменат само преговорите со ВМРО-ДПМНЕ, кои се случуваат во Брисел. Неофицијално, од партијата велат дека ако митингот, во зависност од настаните, се одложи, најрано ќе се одржи на 16 мај, информира МЕТА.

Тоа, пак, што е официјално, според портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, е дека СДСМ низ градовите континуирано ја шири вистината за Македонија.

„Кога и дали ќе се одржи митинг во Скопје, ќе бидете благовремено информирани“, е одговорот на Шилегов на прашањето дали и кога СДСМ и опозицијата ќе одржат голем протест во Скопје.

Според извори на А1он, сепак СДСМ нема одредено датум ниту донесено конечна одлука за голем протест во Скопје.

Според Мета пак, за масовниот протест се подготвувале и другите опозициски партии, како што се ЛДП, НСДП и ЛП.

– Ние сме дел од опозицијата и, секако, ќе учествуваме во сите работи што опозицијата ги подготвува. Цврсто остануваме на нашиот опозициски став и сакаме оваа власт што поскоро да си замине, изјави Филип Јаневиќ, портпарол на ЛДП за Мета.

Генералниот секретар на партијата вели дека се мобилизира членството на ЛДП за општонародниот митинг што ќе се одржи во мај во Скопје.

– Контактираме со сите членови и симпатизери на партијата во сите населени места – вели Кукоски.

За Тито Петковски, претседател на НСДП, нема сомнеж дека треба да се излезе на улица.

– Општинските организации и членството се едногласни дека власта не реагира и по сите криминали објавени во јавноста. Еднинствен начин таа да си замине се континуирани протести. Засега се договараме за стратегијата, но сè уште нема одредено точен датум, вели Петковски.

И претседателот на ЛП, Ивон Величковски, тврди дека во моментов се во контакт со сите опозициски партии за „согледување на состојбата и за градење став за понатамошните чекори“.

Од ВМРО-НП информираат дека досега од СДСМ не добиле никаква покана за протест.

– Досега сме немале никаков контакст со СДСМ. Ако добиеме покана, за евентуално учество треба да одлучат телата на партијата, вели Љупчо Балковски, генерален секретар на ВМРО-НП.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја претвора М-НАВ во партиска филијала, партизацијата пред избори е во ек

(ВИДЕО) Манасиевски: СДС се очајни, немаат кандидат за Скопје, молат луѓе да се кандидираат

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО-ДПМНЕ го остави студентскиот дом „Кузман Ј. Питу“ под клуч

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски манипулира, ГРЕКО констатира дека речиси ништо не е спроведено

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ