Опозиција: Велјаноски не може да си игра мајтап со Собранието

Од:

„Не може спикерот Велјаноски да си ги толкува прописите како што му одговара и да си игра мајтап со Собранието“, реагира опозицијата на изјавата од Кабинетот на Велјаноски во која јасно им порача-нема надзорни расправи ако опозиција не дојде на координацијата која ја закажа за в понеделник.

Не може , велат, претседателот на Собранието, кој е прв меѓу еднаквите да се чуди зошто шест месеци не го искористиле инструментот надзорна расправа за да ја контролираат Владата.

Велјаноски се повикал на членот 24, став четири од Законот за Собрание. Таму стои дека спикерот, со потпретседателите и со ко­ор­ди­на­то­ри­те на пратеничките групи прават годишна проекција за бројот на над­зор­ни­те расправи, согласно средствата и условите на Собранието.

Го потсетуваат да го прочита членот 21 став 3, во кој стриктно стои-„ Доколку 15 пратеници во писмена форма побараат одржување на надзорна расправа, преку претседателот на Собранието до претседателот на работното тело, тогаш претседателот на работното тело е должен веднаш да свика нејзино одржување“.

Значи велат од опозицијата закажувањето или не, не е по кеиф на Велјаноски, и дека не треба да ги меша расправите кои треба да бидат политички испит на работењето на Владата, со координациите, на кои не доаѓаат, поради како што велат негаторскиот и потценувачки однос на собранискиот претседател.

“Ќе побараме расправа и одговори за тоа колку пари им должи Владата на фирмите, кол­ку и како се трошат парите во проектот ‘Скопје 2014’, на кој начин се зло­у­пот­ре­бу­ва социјалната помош на најсиромашните граѓани во партиско-изборни це­ли, зошто граѓаните добиваат катастрофални здравствени услуги во пре­за­дол­же­но­то јавно здравство, како и за што се трошат народните пари во УБК, ќе по­ба­ра­ме одговори какви мерки презело МВР во случајот Љубе Бошкоски”, изјави вчера Игор Ива­нов­ски.

Опозицијата веќе ја подготвува за овој месец, првата надзорна расправа на тема „ Злоупотреба на парите за субвенции“.

 

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски