Опозиција: Гнев и омраза и аплауз од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за тепањето пратеници

Од:

Ова видео и снимки ги направи пратеничка од СДСМ, инаку бремена, која исто беше извлечена и истуркана од собраниската сала.

Бидејќи медиумите беа исфрлени од Галеријата, ова се доказите за случувањата.

На нив се гледа, рекоа денеска на брифинг опозициските пратеници, како во салата влетува обезбедувањето на Собранието но и 44 лица кои не се дел од собраниското обезбедување, немаат службено обележување, некои се и во јакни, а некои набрзина облечени во костуми кои им се тесни.

На снимката се гледа, велат, како се тегнат, влечат, туркаат пратеници и жени пратенички. Се гледа како ја тегнат со сила веќе повредената Радмила Шеќеринска, како Љиљана Поповска сака да и го одземе мобилниот телефон на Тушева. Макрадули рече дека Вељаноски го удирал по рака.

Она што е несфатливо за опозицијата е гневот и омразата, еуфоријата и радоста кај пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ.

„Не можеме да го сфатиме аплаузот од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и на некои од ДУИ за тепањето на пратеници. Заменик министерот за внатрешни работи Петров, снимаше како да е на забава. Тепаа по се, по бубрези, стомак, нозе. Тепаа повеќе жени, тоа е кукавичлук.

– Претходно Вељаноски со гнев викаше-Исфрлете ги, исфрлете ги. На снимките се гледа како кажуваше што да се прави, а Јанкуовска, гледаше во Ставревски, малку во нас, со неа влегоа оние кои тепаа и тегнеа. Четворица специјалци не псуеја, а ВМРО-ДПМНЕ само гледаа“, укажаа пратениците од опозицијата.

Посочија на 1о члена од Уставот кои власта ги прекрши во носењето на буџетот.

Од снимките на некои медиуми, велат, се гледа дека еден од погласните на контра-протестот бил внукот на г.г. Стефан, една од жените кои даваа изјави е вработена во Агенцијата за безбедност на храна, тука била и Наталија Ивчева, поранешен член на Обединети за Македонија, а сега на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година