Опожарено „ауди“ во движење во Куманово

Од:

„Ауди“ во движење се запалило вчера на улицата „Доне Божинов“ во Куманово, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Информацијата ја потврдија и од кумановската полиција која информираше дека вчера во 19:46 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улица „Доне Божинов“ во Куманово настанал пожар во патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки во движење, сопственост на П.Д.(44) од кумановското село Речица. Полицијата извршила увид.

Пожарот го изгасила екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, која информираше дека интервенирала со противпожарно возила и екипа на запален автомобил во близина на Спомен-костурницата.
Територијалната противпожарна единица интервенирала и на запален оџак на семејна куќа на улица „Драги Шутевски“, на запален контејнер во близина на кумановската гимназија.

Пожарникарите од Старо Нагоричане, пак, интервенирале на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка на запалена сува трева.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ