Опожарени жито, автомобил и постојка во Куманово и Старо Нагоричане

Од:

Жито гореше во Старо Нагоричане, во Куманово автомобил и автобуска постојка, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Пожарникарите од Старо Нагоричане гаснеа пожар во атар на село Младо Нагоричане, каде вчера гореше површина со жито.

– Интервенирале од 10.40 до 11.30 часот во село Младо Нагоричане во месноста Поганци со едно возило и тројца пожарникари. Со пожарот беше зафатена површина со жито од околу 2,5 декари, изјави командирот на ТППЕ Старо Нагоричане, Далибор Трајковски.

Кумановските пожарникари гаснеа по полноќ два пожара на автомобил и автобуска постојка. Според информациите на РЦУК – Куманово постојката горела на улицата „11 Октомври“ 45 минути по полноќ. Пожарникарите ја гаснеле со едно противпожарно возило.

– Втората интервенција е на запален автомобил на улицата „Бајрам Шабани“. Интервенирано е од 1.25 до 1.45 часот со едно противпожарно возило и четири пожарникари, информираа од РЦУК – Куманово.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски