Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

Од:

Во пожар на паркинг просторот пред зграда на булевар „Видое Смилевски Бато“ во Општина Аеродром синоќа опожарени се три возила.

Пожарот, како што информира МВР, е пријавен денеска во СВР Скопје, и е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Повредени лица нема и е извршен е увид.

-Пријавено е дека на паркинг просторот пред зграда на бул.„Видое Смилевски Бато“ настанал пожар во патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Д.(48) од Скопје. Од пожарот биле оштетени и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.К.(74) од Скопје и патничко возило „опел мерива“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.А. од с.Долно Лисиче, скопско, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип