Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Од:

Сува трева и ниска деградирана шума гореле на површина од 20-тина хектари во село Макреш, општина Старо Нагоричане, соопштија денеска од територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане.

-Пожарот кај нас беше пријавен во 19 часот и успеваме да го изгасиме нешто после 23 часот. Станува збор за поголема површина, во пожарот беа зафатени сува трева, ниско-стеблеста шума-изјави командирот на ТППЕ, Далибор Трајковски.

Неодамна, полицијата уапси жител на оваа општина кој се сомничи дека запалил стрниште, по што предизвикал пожар во туѓ имот. Најголем од пожарите во оваа општина, изминативе години биле на отворен простор, покажуваат податоците на ТППЕ Старо Нагоричане.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Обвинителството собира докази за осомничениот за убиства во Малотино и Старо Нагоричане

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче