Опожарени борова шума и родни дрвца во Крива Паланка

Од:

Сува трева, бор, родни дрвца лешници, орев и круши се опожарени во вчерашниот пожар кој се случил во населбата Баглак 2 во Крива Паланка.

Екипи на територијалната противпожарна единица Крива Паланка интерванирале со две возила и петмина пожарникари.

– Дојавата ја примивме во 16 часот и 40 минути, а до доаѓање на нашите екипи месното население веќе делумно го локализирало пожарот. Пожарникарите го локализираа во 16 часот и 50 минути, но поради ширење на пожарот под земја и горење на корењата на борот и опожаренуте дрва, ликвидиран е во 18 часот и 30 минути, изјави Иле Коцевски, командир на ТППЕ, Крива Паланка.

Опожарена е вкупна површина од еден декар, а изгорела и една дрвена бандера. Пожарот настанал на државно земјиште со кое под наем стопанисува приватен субјект. Причините за пожарот и материјалната штета дополнително ќе се утврдуваат.

– Апелирам граѓаните да бидат крајно внимателни и доколку забележат пожар веднаш да известат, но и активно да се вклучат во негово локализирање до пристигнување на екипи на ТППЕ, како што беше во овој случај. Потсетувам дека на сила е и забрана издадена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за движење во шуми, додаде Коцевски.

Во гасење на вчерашниот пожар се вклучила и екипа на ЈП Македонски шуми и Подрачното шумско стопанство Осогово, Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче