Опожарена трска на струшкото крајбрежје

Од:

Околу три илјади метри квадратни трска изгорела вчера на брегот на Охридското Езеро кај Струга.

Информацијата денеска ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, според кој, пожарот бил пријавен во 11 часот и 15 минути во ОВР Струга.

– Пријавено е дека настанал пожар на површина со трска во државна сопственост покрај брегот на Охридското Езеро на патот меѓу Струга и струшкото село Калишта. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, изјави Димоски.

По наредба на Јавен обвинител увид извршиле полициски екипи.

Палењето трска на струшкото крајбрежје во овој период од годината се провлекува години наназад. Но, освен неколку кривични пријави изминатиот период, надлежните не најдоа решение за надминување на проблемот.

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски