Опожарена трафостаница предизвика прекин во снабдувањето со струја во Гостивар

Од:

Опожарувањето на трафостаница во близината на објектот во кој е сместена противпожарната единица е причината за прекинот во снабдувањето со електрична енергија во Гостивар.

По лоцирањето на дефектот, обезбедено е редовно снабдување на градот, освен во реонот на опожарената трафостаница од која се дистрибуира струја до потрошувачите, информираат од ЕВН Македонија.

– По пријавувањето на дефектот околу 3 часот утрово, дежурни екипи излегле на теренот и го лоцирале дефектот, по што состојбата е нормализирана за поголемиот дел на градското подрачје. По завршувањето на увидот ќе се знае која е причината за пожарот и експлозијата која настанала во внатрешноста на трафостаницата „противпожарен дом“. Од овој дефект дошло до испад на 110 киловолтната станица „Гостивар 1“, преку која се снабдува гостиварскиот регион. Напојувањето, по дваесетина минути, преку диспечерскиот центар е вратено во сите трафостаници, освен во опожарената, изјави Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН Македонија.

Ковачевски нагласи дека нивни екипи работат на санирање на дефектот и најави оти во попладневните часови ќе биде обезбедено редовно снабдување со електрична енергија и на останатиот дел на градот.

Од утрово поширокиот реон околу автобуската станица е без напојување со електрична енергија.

Би можело да ве интересира

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски