Опожарена кладилница во Тетово

Од:

Штета во вредност од 1.500 евра била причинета врз кладилницата Моцарт во Тетово на булеварот „Илирија“ откако засега непознат сторител фрлил молотов коктел врз објектот, информираа денеска вработени во кладилницата.

Според нивните информации, настанот се случил утринава околу 4:20 часот при што непознатиот го скршил стаклото на вратата и внатре ја фрлил експлозивната направа, која ја опожарила и исчадила внатрешноста на кладилницата уништувајќи дел од инвентарот.

Пожарот бил забележан од полициска патрола по што на местото пристигнале и од Агенцијата за обезбедување, како и од противпожарната единица од Тетово кои го изгаснале пожарот. Вработените велат дека целиот настан е снимен со безбедносните камери.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Од вкупно 22 пожари денес, само пет се активни

ЦУК: Од девет регистрирани пожари, четири се активни

ЦУК: Од вкупно 29 пожари во изминатите 24 часа, само три се активни

Горан Наумовски

Локализиран е пожарот во близина на Римскиот аквадукт кај Скопје, при гаснењето дошло до инцидент, па реагирала и полицијата

Горан Наумовски

ЦУК: Со денови гори букова шума на Кожуф

ЦУК: Пламна голем пожар во атарот на скопското село Батинци