Опожарена барака со пластични шишиња

Од:

Стара барака која се користела како отпад за пластични шишиња ноќеска е опожарена во Скопје.

МВР соопшти дека во 03.11 часот во ЕИК – Скопје од страна на вработен во Бригадата за противпожарна заштита, пријавено било дека во Скопје на ул. „Горно Лисиче“-расадник „Цветан Димов“, настанал пожар во стара барака од околу 100 метри квадратни, која се користела како отпад за пластични шишиња. Пожарот најверојатно настанал од ќумбе за кое сопственикот тврдел дека не било запалено. Пожарот е локализиран од екипа на БППЗ Скопје. Увид ќе се врши во текот на денот.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче