Опожарен кафе барот „Ориентал АС“ во Жеровјане

Од:

Три милиони денари изнесува штетата во кафе – барот „Ориентал АС“ во тетовско Жеровјане откако вчера околу 6 часот од засега неутврдени причини избувнал пожар во објектот, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Сопственик на „Ориентал АС“ е А.А.(47) од Боговиње и во моментот на пожарот локалот бил затворен и во него немало никој.

Опожарен е западниот дел од објектот-ноќниот клуб и значително е оштетен целиот инвентар во неговата внатрешност – маси, мебел, телевизори, музички системи и друго додека другите простории биле видливо зачадени. Пожарот бил пријавен од вработен во кафе – барот по што уследила брза интервенција на тетовските пожарникари кои го локализирале огнот. Извршен е комплетен увид и се утврдува причината за пожарот, околностите и се друго додека вкупната материјална штета се проценува на околу три милиони денари, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче