Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено и во зимски услови, по влажни коловози и наместа на повисоките места со остатоци од кашаст снег.
Автомото сојузот на Македонија препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. На патот Маврово- Дебар кај Јанче и Скудриње, поради одрони, сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Поради ниските утрински температури на повисоките места има појава на голомразица.
Поради одрони на патниот правец Повнимателно управување со возилата е потребно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес, каде се одвиваат работи за реконструкција на патот за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ потсетува дека е во сила законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, обврска која трае до 15 март следната година.