Опаѓа бројот на заболени од грип, пријавени нови 93 случаи

Од:

Во текот на минтата 17-та недела (од 21 до 27 април) во Република Македонија пријавени се 93 новозаболени од грип, што е намалување од 11,4 отсто во однос на претходната недела и 29,5 проценти намалување во споредба со бројот на заболени во 17-тата недела минатата сезона.

Во однос на просечниот број заболени за оваа иста недела во изминатиот 10-годишен период, бројот на пријавени случаи е поголем за 2,8 пати.

– Интензитет на активноста на вирусот на грип е низок, продолжува континуирано да опаѓа бројот на заболени од грип и заболувања слични на грип. Се регистрираат спорадични случаи на заболување, се наведува во соопштението од Институтот за јавно здравје

Во сезоната 2013/2014 (заклучно со 17-тата недела/2014 год.) вкупниот број заболени од грип во Републиката изнесува 28.946, што во споредба со истиот период од минатата година, е повеќе за 15,8 проценти.

Во текот на 17-тата недела нема регистрирано смртен случај асоциран со инфекција со вирусот на грип, а вкупниот број на починати лица во оваа сезона останува 12.
Дистрибуцијата на заболените од грип по месеци, покажува дека во февруари се пријавени 49,7% од вкупниот број случаи во целата сезона. Во јануари се регистрирани 23,5% од заболените, во март – 21%, а во април – 2,5% од случаите.

Најголем број заболени во текот на оваа сезона се регистрирани на територијата на Центарот за јавно здравје Скопје – 4.137 заболени и Центарот за јавно здравје во Прилеп – 3.980, а најголем морбидитет е регистриран во Подрачната единица Кавадарци.

Во однос на возрасните групи, во сезоната 2013/2014 најголем број заболени се регистрираат во возрасната група од 15-64 години – 65,2%, а најголем морбидитет (239,4/10.000) е регистриран кај децата до 4-годишна возраст, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица

Горан Наумовски

Намалување на бројот на заболени од грип

Регионот се бори со голема кашлица, во земјава веќе има седум случаи

Грипот зема замав, уште еден починат

Катерина Ѓуровски

Десетина пациенти со грип на Инфективна, една пациентка со потешка состојба на Пулмологија

Горан Наумовски

За 15,3 отсто повеќе заболени од грип во споредба со претходната недела