Онлајн настава и децата да не учат само од дигитални учебници, бараат граѓанските организации

Од:

Без разлика дали наставата ќе биде со физичко присуство или настава на далечина, Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска соопшти дека нема да ги пуштат своите деца во училиште да учат од новите програми.

-Нашите деца нема да учат содржини за кои ние родителите не сме информирани и не сме дале согласност. Нашите деца нема да учат исклучиво и само од дигитални учебници, лаптопи, таблети и телефони, туку од учебници, изјави овластениот претставник на Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ Драгана Спасевска и додаде дека родителите мора да имаат право на избор.

Претставниците на Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ симболично пред Министерството за образование и наука изразија револот пред, како што велат, т.н. реформи кои упорно се наметнуваат во образованието и ќе почнат од септември. Им порачаа на ресорното мнистерство и на министерката за образование и наука Мила Царовска дека со оваа постапка се кршат човековите, родителските и детските права загарантирани во Уставот и законите во земјава. Се крши правото на образование, загарантирано во договорите и конвенциите што земјава ги има ратификувано со ООН и се оди против европските регулативи и стандарди кои го уредуваат образованието и правото на образование. Се ограничува правото на избор на родителот за образование на неговото дете во негов најдобар интерес.

Спасевска изјави дека во моментов се подготвуваат претставки до Уставен суд за оценување на уставноста на Законот за основно образование и Концепцијата за основно образование. Таа информира дека во меѓувреме ќе достават претставка и барање до Собранието за ставање суспензивно вето на законите и Концепцијата се до пресудата на Уставен суд за оценување на уставноста на овие акти.

Посочи дека во моментов се подготвуваат измени и дополнувања на Законот за основно образование и ќе биде покрената граѓанската иницијатива за измена на овој закон. Нјавуваат дека доколку не успеат да ја стопираат оваа постапка и да го решат овој проблем национално, со надлежни национални институции, продолжуваат до Европскиот суд за човекови права во Стразбур и ќе побараат одговорност и санкции за надлежните.

Спасевска напомена дека досега немале средба со министерката Царовска. Вели дека досега ништо од нивните доставени барања не е земено предвид, а надлежните остануваат глуви на нивните барања и најавуваат повеќе можни сценарија за почетокот на учебната година.

Таа информира дека денеска ќе достават барање за работна средба со министерката Царовска и ја повикаа на јавна дебата, на соочување во било кое време и на било кој медиум. Бараат исполнување на нивните барања, а доколку не се случи тоа велат дека се подготвени на бојкот и протести во септември.

Движењето за поддршка за онлајн наставата, пак, смета дека оваа учебна година онлајн наставата треба да се одржи по секоја цена поради огромниот број новозаразени со Ковид-19 во земјава, како и бројот на починати лица. Бараат онлајн настава за сите поради безбедносни причини, а родителите кои сакаат нивните деца да следат оналјн настава да се обратат до директорот со само едно писмо, без бирократски процедури. Да нема медицински и немедицински причини, туку само желба на родителот.

Ана Глигорова од Движењето за поддршка за онлајн наставата потсети на последната одлука на Владата, донесена на 17 август, со која учениците од основните и средните училишта од 1 септември треба да почнат настава со физичко присуство. -Во една училница од 36 метри кавдратни, 30 или 32 деца кога ќе влезат тие немаат простор меѓу себе. За едно дете е потребно 13 метри кавадратни за да биде колку толку заштитено. Две деца и еден професор или наставник во училница, тоа е максимумот, изјави Глигорова пред Владата. Нагласи дека бараат да се промени одлуката на Владата во Службен весник.

Одговорноста за ова, како што велат, лошо сценарио ќе ја има Владата заедно со Комисијата за заразни болести.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска