ОМД: Новата македонска Влада да стави крај на политичка поларизација

Од:

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) и го честита формирањето на новата Влада на Република Македонија и повикува, двете страни, власта и опозицијата, да работат заеднички на јакнење на политичката стабилност во државата. Само така, смета ОМД, Македонија ќе може да продолжи со реформите потребни за постигнување на стратегиските цели, вклучувајќи ги и евро-атлантските интеграции.

– ОМД ја препознава силната поларизација меѓу политичките партии во Македонија и ги повикува сите политички лидери да се стави крај на политичката поларизација. Улогата на политичките партии и нивниот интерес не треба да заземаат примарната улога во која било сфера на македонското општество, соопшти ОМД.

Според Обединетата македонска дијаспора, националните интереси секогаш треба да бидат над личните. Многу повеќе работа и жртва се неопходни од двете страни за надминување на актуелната политичка криза и обезбедување подобар животен стандард, како и економски просперитет за македонските граѓани.

ОМД го охрабрува новиот владин кабинет да работи на подобрување на економската состојба.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски