ОМД: Формирање стабилна влада во Македонија без уцени

Од:

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) поддржува формирање стабилна влада и излез од неколкугодишната политичка криза во државата, но, како што наведува во соопштение, во напорот да се создаде влада и задоволат коалициските партии, политичарите никако не смеат да прифатат услови кои ќе наштетат на македонските национални интереси.

– ОМД силно се противи кон прифаќањето на таканаречената албанска платформа за воспоставување на албанскиот јазик како официјален јазик во Македонија. Ова е класична уцена и не смее да биде прифатена од ниту една политичка партија во државата. ОМД ги предупредува најголемите политички партии во државата, а посебно СДСМ која што во моментов преговара со партиите на албанското малцинство во државата, дека нашата организација нема да ја прифати како легитимна ниту една влада која би ги ставила партиските интереси над националните, наведуваат од ОМД.
ОМД ги повикува партиите на албанското малцинство во државата да ги стават интересите на Република Македонија како примарни и да не фунционираат со пазарење и уцени со цел да ги промовираат нивните политички идеали и цели.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма