Омбудсманот Мемети се сретна со британскиот амбасадор Гарет

Од:

Народниот правобранител Иџет Мемети и британскиот амбасадор во Република Македонија, Чарлс Едмонд Гарет, на денешната средба разговарале за актуелната состојба во општеството со посебен акцент за превенција и заштита на човековите слободи и права, како и за можностите и предизвиците со кои се соочува институцијата.

На средбата, народниот правобранител го информирал амбасадорот за состојбите со човековите слободи и права, посебно за актуелните предмети по кои постапува, за прислушувањето, средношколските протести, постапувањето на полицијата за време на протестите и ограничувањето на истите.

Во текот на средбата соговорниците разговарале и за последните случувања во Куманово, при што изразиле сериозна загриженост за состојбата и потребата од ефективна и транспарентна истрага.

Амбасадорот Гарет ја потенцирал важноста на улогата на институцијата во општеството, имајќи ги предвид состојбите во државата, владеењето на правото и довербата на граѓаните во институциите.

Како што се наведува во соопштението од кабинетот на Мемети, амбасадорот Гарет ја истакнал важноста и потребата институциите да соработуваат со народниот правобранител и да не го попречуваат во извршувањето на функцијата.

Двајцата соговорници се согласиле за потребата од продлабочување на соработката, особено во делот на промоција на човековите слободи и права.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

Орце Костов

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

Орце Костов