ОМ најстрого ги оценува претседателските и предвремените парламентарни избори за не фер и недемокртаски избори.
Во Македонија на денот на изборите власта пред граѓаните уште еднаш ја покажа својата моќ врз гласачите, користејќи ги државните (институции), администрацијата и МВР, со што најдрско го узурпираше демократското право на граѓаните, со целосна систематска контрола на гласачите во изборниот процес.
Дпмне и Никола Груевски го злоупотребија целиот државен систем и администрацијата во свои партиски цели. ОМ предупредува дека со ваквото владеење Македонија е само чекор назад од европското семесјтво и Нато. ОМ потенцира до партијата на власт и премиерот, дека не се работи за незадоволство од страна на опозицијата, бидејќи во фер и демократски избори опозицијата ќе извојуваше победа со голема разлика, за тоа говори набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР.
ОМ порачува дека никогаш режимот неможе да организира избори на кој ќе победи а тие да се наречат фер и демократиски.
После овие злоупотреби опозицијата не смее да прифати избори кога и да бидат, за месец, година а тие да бидат организирани од Груевски. ОМ сметаат дека изборите се само играчка во рацете на Никола Груевски со која ги забавува гласачите. Со непризнавањето на овие избори од страна на опозицијата покажавме дека му ја одземавме играчката за да не дозволиме понатаму да ги манипулира граѓаните на РМ. ОМ таканаречената победа на Иванов ја сметаат како победа на партиска конвенција а не како победа на граѓаните на РМ, а со бојкотот на Албанците на овие избори тој е претседател без легитимитет и е партиски претседател, со што Дпмне е партија со два претседатели.
До кога…?