Оливера Трајковска: Емисијата Win-Win е прекината и нема да се емитува на Алфа телевизија

Од:

Оливера Трајковска на ФБ потврди дека емисијата Win-Win е прекината и повеќе нема да се емитува на Алфа телевизија!

„Доколку циклусот емисии продолжи да се емитува на друга телевизиска фрекфенција, пред завршувањето на оваа сезона, ќе бидете навремено информирани“, напиша Трајковска.

На прогармата нема да ја има и „Збор по збор“ на доскорешниот уредник Зоран Иванов .

На негово место сега како в.д. уредник е Константин Делимитов, а нов уредник е Коле Чашуле.

Во Алфа веќе се регрутирани кадри од Сител, Вечер а се разговара и за премин на кадри од МТВ.

Неизвесноста во ТВ Алфа продолжува и не е извесно кој ќе се најде на списокот за „отстрел“.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Дезинформациите и неоснованите критики се најголем предизвик денеска за медиумската сцена и самата демократија

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми