Оливер Спасовски се вакцинираше во Куманово

Од:

Ја завршив мојата граѓанска и лична должност и одговорност, порача министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, откако утрово во Куманово ја прими вакцината „Синофарм“ против Ковид-19.

„Без разлика која вакцина е во прашање, подобро е да се вакцинирате за да се спречат тешки форми на ковид-19. Сите вакцини се проверени и безбедни и добро е што во последно време имаме голем број граѓани кои сакаат да се вакцинираат и уште еднаш ќе апелирам да се пријават на vakcinacija.mk. Вакцинацијата не е крај на борбата против ковид, посебно во периодот после вакцинација треба да внимаваме, да ги почитуваме мерките кои се пропишани“ – напиша спасовски во објавата на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Спасовски со младите од Куманово: Пендаровски е единствен кандидат кој го застапува европскиот концепт

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари

Предраг Петровиќ

Спасовски: Имаме победничка програма за европска, стабилна, сигурна и безбедна Македонија

Спасовски и Ковачевски од Македонија направија Колумбија, криминалците со кои се сликаа се убиваат обвинува ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бидејќи не може да испорача решение за личните документи ДПМНЕ поднесува политички мотивирани кривични пријави

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична против Оливер Спасовски: Издавал документи за кои знаел дека ќе мора да се менуваат

Катерина Ѓуровски