Околу 70 проценти од јавните претпријатија никогаш не правиле проценка на ризиците од корупција во јавните набавки

Од:

Вкупната вредност на договорите на јавните набавки што ги спроведуваат јавните претпријатија и акционерски друштва основани од Владата и од локалните самоуправи изнесува околу 300 милиони евра и претставува една третина од вкупните јавни набавки во земјава. Поголемата јавна одговорност и создавањето на механизми за управување со ризиците од корупција во овие претпријатија ќе придонесат кон намалување на корупцијата и подобрување на квалитетот на услугите што ги даваат, беше истакнато на денешната онлајн дебата организирана од Центарот за граѓански комунинации.

Истражувањата спроведени од Центарот за граѓански комуникации покажуваат дека 70 проценти од анкетираните јавни претпријатија и акционерски друштва никогаш не направиле проценка на ризиците од корупција, а раководството на овие претпријатија во изминатите три години не поднело ниту една иницијатива за поведување на кривична постапка заради сомнеж за корупција во јавните набавки и ниту една дисциплинска постапка за вработен во констатирани проблеми при спроведувањето на јавните набавки.

– Овие податоци недвосмислено говорат дека во претпријатијата основани од Владата и единиците на локална самоуправа не се работи системски врз превентирање и сузбивање на корупцијата во јавните набавки, истакна Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации.

Дел од препораките се да изготвување на планови за интегритет во јавните набавки во кој ќе се идентификуваат ризиците на корупција, ротација на вработените како членови на комисиите за јавни набавки, електронската аукција да се спроведува само за стоки за широка потрошувачка, а нетранспаретната постапка на преговарање без претходно објавување оглас да се сведе на минимум. Се препорачува да не се оди и често кон поништување на јавните набавки, а кога ќе се случи тоа, тогаш детално да се образложат причините за ваквиот чекор.

Од Центарот за граѓански комуникации предлагаат и спроведување на обуки како за вработените, така и за менаџментот на претпријатијата, бидејќи анализите покажале дека 92 проценти од анкетираните претпријатија немаат спроведено обуки за интегритет и антикорупција.

Од Заедниците на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) изразија подготвеност за организирање на обуки за претпријатијата формирани од единиците на локална самоуправа.

Според претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, најважна е свеста кај сите чинители за да се сузбие корупцијата, бидејќи законските решенија не можат да ги предвидат сите можни ситуации.

– Ова особено доаѓа до израз кај закони со комплексна природа како што е Законот за јавни набавки. За првпат овој закон се донесе на крајот на 90-те години, а од 2007 до 2018 година е менуван 15-тина пати за во 2019 година да се донесе нов закон. Ова укажува дека колку и да се сака со закон да се уреди се, сепак човечкиот фактор е пресуден за правилно, односно неправилно спроведување на законот т.е. барање пропусти во законот или за принципиелно и транспаретно спроведување на постапките за постапките за јавни набавки, рече Ивановска.

Вкупната бројка на јавни претпријатија и акционерски друштва формирани од Владата и од единиците на локална самоуправа се проценува на 145. Нивните вкупни годишни приходи се 800 милиони евра и тие во Бруто домашниот производ учествуваат со повеќе од седум проценти. Во овие претпријатија се вработени околу 30 илјади луѓе.

Би можело да ве интересира

Пивоваров: Полиграфска проверка на службениците на границите, како мерка за сузбивање на корупцијата

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

Напредок од два индексни поени и девет позиции на Индексот на перцепција на корупција за 2023

Јан Коп до Ахмети: Посветеноста за членство во ЕУ е загрозена поради падот на владеењето на правото

Грковска-Нефју: САД ја продолжуваат поддршката на Македонија за спречување на корупцијата

Орце Костов

Кржалоски: На пола милион граѓани им било побарано мито, само четири судски пресуди се однесуваат на поткуп