ОЈО Велес побара притвор за дилер на дрога

Од:

Основното јавно обвнителство во Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Велес на возраст од 40 години за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од МВР.

– При извршен претрес во домот на осомничениот, на 26 јануари 2021 година, службените лица пронашле наркотична дрога марихуана во вкупна количина од 584,34 грама, наркотична дрога хашиш во вкупна количина од 4, 75 грама и психотропна супстанција – амфетамин во количина од 20,36 грама. Осомничениот неовластено заради продажба, ја чувал дрогата во повеќе различни пакувања на различни места во домот. Покрај дрогата, во станот на осомничениот е пронајдена и електронска мини вага за мерење, информираат од ОЈО Велес.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес, воедно поднесе предлог за определување на мерката притвор за осомничениот до Судијата на претходна постапка при Основниот суд во Велес. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.​

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски