ОЈО Велес ја расветлува сообраќајката во која тешко беа повредени три лица

Од:

Рано утринава околу 4 часот, во близина на Градската библиотека во Велес се случила сообраќајна несреќа. Велешанец кој управувал со возило Фиат Пунто удрил во тројца пешаци, а потоа во потпорен ѕид.

Од ударот трите лица кои ја преминувале улицата се здобиле со тешки телесни повреди.

По насока на дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес извршен е увид на лице место од страна на увидна екипа од Министерството за внатрешни работи.

Јавниот обвинител издал Наредби за прибирање на траги од местото на настанот и за вршење на анализа на крв и урина земени од возачот со цел утврдување на факти и околности за настанот.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он